logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Коментари arrow Нема враќање назад
whistleblowers.jpg
Нема враќање назад Испечати Е-пошта
 12.02.2007 Сведоци сме на силната реакција по пораката за застој во реформите што ни ја соопшти лично г. Оли Рен. Оваа вест особено добро ја дочекаа медиумите и опозицијата, но и оние поединци што постојано настојуваат да не убедат дека „никогаш не ни било полошо“. Јас ги почитувам принципиелните ставови на Европа и на аналитичарите и критичарите што откако ќе кажат што не е добро, ќе понудат препорака или совет како може(ло) подобро. Советите и препораките се да се понудат, а оние кон кои се упатени ќе одлучат дали ќе ги прифатат.

Сепак, од се што деновиве прочитав во весниците, најголем впечаток ми оставија колумните на Лабина Митевска и на Сем Вакнин. Поглед однадвор. Двете на иста тема, но напишани со различен контекст и намена. Од колумната на Лабина блика позитивна енергија, добра мисла и љубов за татковината. За втората, злонамерна и цинична, мислам дека е нарачана. Од оние што се навикнати да пакуваат и да испраќаат пораки од далеку. Го најдоа човекот со кого добро соработуваа додека беше во Македонија. Во тоа време тие ги поддржуваа неговите совети, во кои редица домашни познавачи на работите гледаа хипокризија. Нека им е на здравје. Методите на рекет веќе се добро препознаени, па поради тоа и не се лесно сварливи. Таквите пакувачи се уште мислат дека она што е досега постигнато во Македонија е повратен процес и дека уште еднаш одложена покана за во НАТО и за почеток на преговорите, ќе значи враќање многу процеси назад.
Но дали е тоа така

 
 Петнаесет години (тие) исти луѓе ја „водеа“ државата низ процесот на транзиција и се што тој со себе го носи и (или) требаше да донесе. Беше тоа продавање магла за таканаречената напорна работа кон создавање нова демократска држава, заснована на политички плурализам(?) - а сите заедно имаа договор за не-чепкање во криминалот и банкарските сметки; за пазарно стопанство во услови на монополи; за здрави институции и поделба на власта, но не на законодавна, извршна и судска, туку помеѓу партиите. Притоа велеа дека за држава со стабилен економски развој и значителни странски инвестиции се уште било рано?! Веројатно затоа што првин ТИЕ требаше да ги исперат парите.

Затоа некој сака да не убеди дека сега е полошо и дека од реформите и економскиот развој нема ни трага. Но јас и без розови очила, сепак, можам да заклучам дека гледам поинаку.
Во државата почнува да се воведува и да се препознае владеење на правото - како основа за демократско општество. Можеби во почеток, но постои. Се уриваат пирамидите, кинеските ѕидови, се откриваат корумпираните создавачи на шемите на бачилата и на крадците на туѓ национализиран имот. Се стега обрачот околу корупцијата.

Во државата почна да се пробива пазарната економија. Се води грижа за инвеститорите и за земјоделците, а се уриваат и монополите. Моќниците почнаа да плаќаат царина и даноци. До пред неколку месеци ова не беше можно од силната бизнис-олигархија заснована на транзициски профитери и нејзината спрега со политиката.

Во реформите се чекори многу порешително и без компромиси. Затоа во овие процеси имаме се повеќе партнери што не поддржуваат и ни помагаат. А во овие процеси се вклучени и силни домашни капацитети. Луѓе што сфатија дека сега нивното професионално знаење е потребно и добредојдено. Без да ги прашуваат од каде доаѓаат и од која партија се. Како резултат на тоа се појавија ентузијазам и подготвеност да се прифати предизвикот.

Во политиката почна процесот на прочистување однатре. Потоа, со нови и чисти политичари полесно ќе се прави дијалог. Во интерес на сите, а не само во интерес на силните коалиции засновани на должничко-доверителски, политичко-олигархиски односи. Од нив се уште не може да се мрдне напред. Не даваат. Се борат со ирационални методи, како да имаат резервна држава. А некои можеби и имаат?

Се разбира дека може подобро и многу повеќе. Кога ова нашето ќе се спореди со процесите што ги прават другите, многумилионски држави, излегува дека ние, едно маало народ, не можеме да се договориме како да направиме и да зачуваме држава. Или барем како тоа што денес ќе го направиме да го зачуваме, за утре да го надградиме. Се настапува по принципот „по мене потоп“. Затоа тешко можеме да убедиме некого дека ние како држава сме постигнале силен национален и политички консензус за влез во ЕУ. Но морам да ги предупредам дека нема да им успее.
Процесите се забрзуваат и фаќаат корен. Не за инает, туку затоа што така треба да биде и затоа што така сакаат граѓаните на оваа убава држава. Тие излегуваат од состојбата на страв и апатија и веќе и не слушаат што зборуваат политичарите. Се повеќе стануваат свесни за своите можности и права и бараат нивно остварување.

За оние што со цинизам ја читаат оваа колумна имам едно прашање. Што добро направија тие во изминатите шест месеци? Не само за себе лично, туку и за некој друг? А другите, кои мислат позитивно, ги повикувам да бидат гласни во објавувањето на тоа што го направиле добро. Колку и да е мало. Нека не се плашат дека тоа на некого ќе му личи на реклама. Така и треба. Да се слушне добриот глас од секого посебно. Многу добри гласови се посилни од еден. Сите заедно побргу ќе стигнат до Брисел.

Еве јас ќе почнам.

Деновиве се одржа првиот состанок на Управувачкиот комитет на твининг-проектот во Полициската академија. Европската агенција за реконструкција за еден ден го оцени како добар и го усвои извештајот. Заедно со финансискиот. Полициската академија се етаблира како сериозен партнер во европските проекти.

Во изминатата недела моите студенти покажаа одлична подготвеност за испитот по кривично право. Ги испрашував усно. Сакав да се уверам во нивното знаење. Задоволно можам да заклучам дека тие се подготвени за освојување нови знаења и за професионална работа во иднина.
На програмата за постдипломски студии во Полициската академија се пријавија повеќе од осумдесет кандидати. Од многу различни сфери и професии. Импресивна подготвеност за стекнување нови знаења. Уште еден знак за оптимизам и желба да се биде подготвен и да се обезбеди подобра иднина.

За учество во тркалезната маса што денес ја одржува Нулта корупција се пријавија голем број учесници. Од Владата, од приватниот и од граѓанскиот сектор, амбасади и меѓународни организации. Ќе се разговара за заеднички, координиран настап во борбата против корупцијата.
Овие процеси никој не може да ги врати назад. Колку и да се обидува. А тие понатаму ќе се мултиплицираат...

Доц. д-р. слаѓана Тасева
 
< Претходно
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани