logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Коментари arrow Младите, политиката и корупцијата
whistleblowers.jpg
Младите, политиката и корупцијата Испечати Е-пошта
17.10.2012 Новата Стратегија за млади на Европската Унија се залага за отвореност и за поголеми мозжсти за младите во Европа, за мобилност и за натпртевар преку занаења и компетенции кои можат да ги понудат на пазарот на трудот. Едновремено со оваа Стратегија и со Прогрес извштај за напредокот на Р Македонија во процесот на евро-интеграција, кој неоправдано е премногу розев, Европската Унија ја објави и листата на држави за кои група држави членки предлагаат укинување на без визниот режим. И се разбира Република Македонија е на таа листа затоа што бројот на граѓани кои побарале азил е висок во споредба со бројот на жители во државата.   
 
Очигледно е дека реалната бројка на граѓани од Македонија кои побарале азил е многу мал во споредба со другите држави, но тоа не е битно. Листата е објавена и таа е стапот со кој треба да се дисциплинираат граѓаните. Очигледно е дека и Прогрес извештајот е розев зпоради политичката агенда на ЕУ, но тој морков е тука за Владата за да изнајде решение за спорот со името во краток рок. Да бидам искрена, воопшто не верувам дека Владата ќе преземе било какви чекори во таа насока. Она што претпоставувам дека ке се случи со розевиот извештај е дека ќе се користи во кампања за локалните избори, а се разбира, виновна за лошиот исход од процесот за евроинтеграции ќе биде Грција. Власта ќе си добие избори, а стапот повторно ќе биде по грбот на граѓаните.
 
 
 
 

Воопшто немав намера мојата прва колумна за весникот Ден да ја пишувам во контекст на случувањата со Европската Унија. За мене тоа беше помалата грижа од онаа врзана за застрашувачките состојби во Македонското образование. Секој четврти граѓанин бил во ситуација да му биде побаран или даде поткуп во сферата на образованието, а денешните студенти имаат по позитивен став во однос на корупцијата од останатите граѓани, односно поткуп во високото образование дале 8% од испитаниците на возраст над 45 години, 9% од испитаниците над 30 години и 12% од испитаниците од 18-29 години. Колку е помала возраста, толку е повисок степенот на прифатливост на корупцијата како начин на решавање на проблемите.


Ова го нема во извештајот на Европската Унија, а треба да го има. И тие се свесни за инфлацијата на високообразовни институции, намалувањето на квалитетот во образованието и за политизацијата на институциите. Не е важно колку знаеш, важно е да имаш диплома и да се вработиш како политички кадар.


Она што треба да не загрижи и нас и Европа е дерогирањето на образовниот систем како најсилен фактор за нарушување на економската и безбедносната стабилност на дртжавата. Со доброто овразование, со знаењето доаѓа и можноста да се биде баран, конкурентен, да се создаваат нови работни места, да доаѓаат инвеститори кои ќе најдат соодветен кадар за своите фабрики, да се добие работно место во престижна меѓународна институција, корпорација или универзитет, да се води држава.


Наместо да промовира ученици кои добиле награди и признанија на меѓународни натпревари, како што се случи летово наши ученици, средношколци да добијат награда во сферата на нуклеарната физика во САД, власта промовира 40000 член на партијата.
Не рзабравме ништо за степенот на образование или за компетенциите на кандидатката, но убедена сум дека таа нема да има проблем да се вработи. Се прашувам само што мисли таа за извештаите од Европската Унија? Каква е иднината на оваа држава чија младина е среќна кога се слика до политичкиот лидер, а тој исти лидер веќе осум години не успеал да обезбеди Македонската младина да се чувствува рамноправна со своите врсници од Европа и светот.


За менувањето на системот на вредности сме виновни сите заедно. И оние кои во тоа учествуваат и оние кои не прават ништо за тоа да не се случува. Јас ќе продолжам да го делам своето мислење со вас, не за да се согласите со мене, туку за да разговараме. Секоја дебата и разговор е подобра од молчење.


Благорарност до уредништвото Ден што ми овозможи повторно да бидам меѓу вас преку колумна. Се надевам дека нашето дружење ќе биде долготрајно и плодно.

 

Проф. Д-р Слаѓана Тасева

 (Колумната е објавено во дневниот весник ДЕН на 17.10.2012 г. )

 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани