logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Коментари arrow Illicit Financial Flows From Developing Countries: 2001-2010
whistleblowers.jpg
Illicit Financial Flows From Developing Countries: 2001-2010 Испечати Е-пошта

 

 26.02.2013 За каква анализа станува збор

 

Станува збор за студијата “Нелегални финансиски движења во земјите во развој за периодот од 2001-2010 година” изготвена од организацијата чиј назив може да се преведе Глобален Финансиски Интегритет.

 

Анализата користи економски показатели и економска методологија за анализа на резултатите. Затоа однапред изразувам резерва во однос на терминологијата која ја користам во овој коментар, кој има за цел да го нагласи значењето на оваа анализа за антикорупциски политики.

Според зборовите на Рејмон В. Бејкер, директорот на ГФИ пред шест години кога е формиран Глобален Финансиски Интегритет, терминот  “недозволени финансиски текови” или не постоеше или беше незначително застапен во глобалниот економски лексикон.

Јас би додала дека овој термин почна засилено да се користи од почетокот на 2000 година со зајакнување на мерките против перење на пари, но разликата е во тоа што овие мерки се применуваа замо над криминалните или нелегално стекнатите средства. Овде овој термин се користи и за леглано стекнати средства.

Денес овој термин, во смислата во која го користи ГФИ се повеќе се наоѓа на агендата на меѓународните организации, асоцијации, институции како што се Г20, ОН Светска Банка, ММФ,Организацијата за економски развој на Европа, ЕУ како и на националната агенда во многу држави на планетата. Еден функционер на ООН неодамна прокоментира дека задача на ГФИ е да го “распакува” она што е добро “спакувано”.

Зајакнување на регулативата не е ефикасно

Според анализата, која го опфаќа периодот од 2001-2010 година, проценките за последната 2010 година покажуваат нагорен раст и подобрување во глобалната економија, едновремено покажуваат пораст и во непријавените финансиски токови.
Ова јасно покажува дека колку и д а се зајакнува или менуваат финансиските регулативи тие сеуште неможат да се сметаат за ефикасни кога станува збор за прелевање на фондовите од сиромашните држави, преку глобалните паралелелен и прикриен финансиски систем дирекно во богатите западни економии.



Богатството на суверенот/ владателот не е секогаш за граѓаните

Во годишната анализа за првпат е воведен и категоријата  “фондови на богатството на суверенот(владетелот-државата)” SWF, препознавајќи го нивното зголемено значење особено после настаните во Африка и Либија. Недоволно јасните и нетранспарентни начини на кој се правени трансакции и на кој се водат финансиските извештаи недвојбојно ја наметнува потребата за превземање на корективни мерки од страна на регулаторните и статистичките агенции во државите кои властите располагаат и управуваат со многу големи средства.

На пример студијата покажа дека подеднаков дел од фондовите на суверенот во Либија се користеле за политички цели и за инвестиции, додека пак во Норвешка овие фондови овозможија секој еден граѓанин да стане милионер. Сега ММФ се наоѓа пред предизвик да ја регулира оваа сфера на глобално ниво.

Земјите во кој се забележува највисоко ниво на нелегални финансиски текови се Кина, Мексико, Малезија, Саудиска Арабија, Руската Федерација, Филипините, Нигерија, Индија Индонезија и Обединетите Арапски Емирати при што кумулативниот износ за Кина (US$2,742 billion) го надминува кумулативниот износ за сите останати девет држави на оваа листа (US$1,728 billion). Меѓу топ 20 држави на оваа листа се наоѓаат и Катар  (14), Србија (15), Полска (16).Да се биде во елитата на држави кои важат за нелегални извознички на капитал сигурно не е достигнување со кое властите на овие држави треба да се гордеат.
 
Со оглед на тоа што нелегалните текови најчесто се поврзани со макроекономски прашања, набљудување преку индикаторите за перцепција на корупцијата, големината на подземната економија и слабите регулаторни институции, авторите на студијата не очекуваат големо залагање на субјектите задолжени за доброто управување да ги објаснат овие одлевања на фондови. Наместо тоа авторите на студијата очекувааат да видат силно совпаѓање во резулатите поврзани со индикаторите за добро управување како што се транспарентност, одговорност и отчетност. Ваква студија ќе биде спроведена во Руската Федерација како анализа на случај кој ќе биде објавен 2013 година.

Во Македонија загрижувачки нагорен тренд

Македонија се наоѓа на 76 место со кумулативен просек за перидото од 10 години во износ од 4.7 милијарди долари. Гледано по години најголем износ е забележан во 2008 година со 10 милијарди долари, потоа 2007 година со 7,65 милијарди 2010 6,31 милијарди и во 2009  5,8 милијарди нелегални финансиски движења . Во изборната  2006 година овој износ бил најмал  2.87 милијарди долари за веќе следната да биде зголемен повеќе од двојно. 

Ако сакаме да зборуваме за периоди на владеење на одредени влади, и оваа споредба е можна со оглед на тоа дека показателите опфаќаат период од 10 години. Во периодот од 2002 до 2005 година износите се зголемуваале од  1,7; 2,8; 3.8 до 4,8 милијарди долари, со што станува очигледно дека нелегалните финансиски токови се во постојан пораст.

Би сакала некој од економистите да ја коментира оваа состојба но за мене како правник и антикорупционер кој докторирал на темата перење пари ова е очигледен показател на назадување и слабеење на сите механизми за контрола на следење на нелегалните финансиски движења.


 
Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани