logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Коментари arrow Обраќање на тркалезна маса одржана на 12.02.2007 г.
whistleblowers.jpg
Обраќање на тркалезна маса одржана на 12.02.2007 г. Испечати Е-пошта
 12.02.2007

 

 

 

Дами и господа!

 

Дозволете ми, прво, во името на невладината организација  "Нулта корупција", како организатор на оваа тркалезна маса да ве поздравам, да ви посакам добре дојде и да ви признам дека јас сум можеби оној меѓу вас кој најмалку знае и може да ви каже нешто посуштествено за корупцијата и криминалот, непријателот број еден на нашата држава и со тоа на добробитта на нашето општество и истовремено пријателот број еден на сиромаштијата и стагнацијата во којашто живееме. Единствено што можам да сторам, тоа е, во редовите што следуваат, да го искажам својот, барем засега, неостварлив идеализам што произлегува од мојата интуитивна ненавист кон таа ‘рѓа корупцијата и криминалот што ги нагризува запчениците на нашиот недоизграден систем.. Но, пред тоа и исто така сакам, пак во името на "Нулта корупција", да ви благодарам за одзивот и решеноста да ја вложите во работата на оваа тркалезна маса вашата волја со сето ваше знаење, искуство и имагинација, во предизвиците што ги налагаат коруптивно- криминалните случувања во оваа држава што се наоѓа во напори за институционално конституирање кое треба да прерасне во самоодржив и перспективен систем. Морам во оваа прилика и да потсетам и да укажам на фактот дека зборувајќи за нулта корупција ние истовремено го ставаме на увото камертонот што треба да ни ја даде почетната нота за, секако енергично делување против корупцијата.

 

Овој собир не е ни решавачки ни историски, тој треба да се одржува во одот на "Нулта корупција" кон нејзините цели, но сепак треба да го сметаме за важен затоа што е посветен на една рак рана без чие отстранување или барем зацелување ќе ни претстои понатамошно одлагање на развојниот циклус без кој ќе продолжи тонењето во сиромаштија и што е најлошо, како последица духовното дегенерирање без кое националната и граѓанската припадност и самочувство се невозможни, а ризиците, како во поглед на самоодривоста така во поглед и на нашите евро- атлански аспирации опасно зголемени.

 

Корупцијата не е ништо ново. Каде има пари, таму со сигурност може да се очекува корупција затоа она што за машината е подмачкувањето (ако не и повеќе) за корупцијата се парите. Залагањето за нулта корупција ни се налага и на сите нас , тој предизвик да го прифатиме и да го изведеме.

  

Но, истовремено, би било добро кога велиме нулта корупција да сме свесни за тоа што точно велиме и која прецизна цел сакаме да ја постигнеме. Во Америка и во западно- европските земји, а и во остатокот на светот, една неопределена, наводно мала( без макар кој да знае колку мала) доза на корупција сепак се толерира. Тоа е скоро непишан закон што одлично функционира во корист на корупцијата. Единствена држава за која што јас знам, а во која корупцијата е сведена и одржувана на вистинска можна нула е Финска. Тоа покажува и докажува дека се можни две нулти точки на корупцијата- една привидна, релативна и една вистинска, целосна и бескомпромисна.  Нагласено го споменувам ова со цел да ја подвлечам очигледноста на алтернативата со која што сме соочени и истовремено да укажам или барем само да потсетам дека во битката против корупцијата треба да влеземе со однапред направен избор помеѓу релативната нулта корупција и целосната, бескомпромисна нулта корупција.

  

Лично уверен сум во тоа дека целосно, уверено и посветено треба да ја избереме целосната, искоренувачка нулта корупција. Зашто само така и со таква конечна цел може, една мала земја каква што е Македонија, да се спаси од сопките што ја држат во ваквата стагнативна состојба и да ја зајакне нејзината позиција како во правец на економскиот раст и подобриот живот така и во болните и здодевни спорови со соседите.

Ни европските земји ни Соединетите држави не можат и не смеат да ни бидат утеха зашто тие можеби и можат ад си го дозволат тој луксуз, ако воопшто е дозволив. Затоа, ако не друго, токму таа „дозволивост“ направи , како што констатира Антони Гиденс, политичарите да се позаинтересирани за за своите интереси одошто за интересите на другите, на своите избирачи. Тоа, таквата комоција на политичарите (да бидат не само во партнерство туку и покровители на корупцијата и криминалот) е сериозниот ако не и најсериозниот непријател на нужната нулта корупција.

 

Зашто, внимавајте (!) Овчарот не е причина. Тој е само последица.  Поскоро во трагата и до коренот на корупцијата можеме да и влеземе и да допреме до нејзините корени ако го проследиме политичарот кој често е препознатлив кога ќе се појави на телевизија со облека и укити (часовници и накит) што чинат прескапо.

 

Од друга страна, и ние, кога да е, ќе влеземе или можеби влегуваме во зоната на електронската економија во која корупцијата е неуловива дури и за најразвиените високо електронизирани општества и веќе има разорен ефект на стаклена градина што го распарува општествениот економски слој. Со така означена корупција, станува очигледно дека нашата спасоносна определба може да биде само една- консензус за тотална, немилосрдна, беспоштедна нулта корупција.

  

Вие сте тие, ние сме тие што треба да решително да се определиме или барем да го посочиме импетусот што ќе не води по патот кон вистинската цел. Но се плашам дека нашите напори лесно можат да бидат јалови и фрустрирачки. Дури и за да се тргне кон таа цел потребно е да излегување од зоната на партиското ( не – државно) политиканство коешто дополнително го загадува општествениот амбиент опијанувајќи не со лажни успеси, коишто водат до парадоксот тогаш кога ние Македонија ја прогласуваме за рај на инвестиции некој (се плашам многу погласно и поефикасно) да ја прогласи за рај на корупцијата и криминалот. Корупцијата, колку што е недофатлива или тешко дофатлива таа е толку повидлива и со голо око.

 

Нема рогозина под која може да се скрие, ако има кој да сака да ја најде. Затоа е потребно воспоставување решителна политичка волја за пресметка со корупцијата и со криминалот за што пак, понатаму, се потребни политичари со нужниот етички капацитет, идентитет и кредибилитет. Тогаш и ќе можеме да ја избереме вистинската и единствена алтернатива помеѓу целосна и релативна битка против корупцијата.

 

 

Мето Јовановски - Претседател на "Нулта корупција"

Обраќање на тркалезна маса на тема "Мониторинг на имплентација за Декларација НУЛА толеранција за корупцијата" , посветена на приватниот и јавниот сектор

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани