Демант
02.06.2015 Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија ги демантира наводите изнесени во дневниот весник Дневник, во статијата насловена „Холандија поддржува, Тасева бара амнестија за Заев и за Верушевски?“ потпишана од новинарите Лепа Ѓеоргиевска и Катерина Нешкова, објавена во електронското издание на весникот на 01.06.2015 година и во печатеното издание на весникот на 02.06.2015 година.

Демантираме дека здружението Транспаренси Интернешнел Македонија работи на проекти финансирани од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, во јавноста попозната како Сорос. Здружението никогаш до сега не аплицирало, ниту пак добило грант од оваа фондација. Во ова можете да се уверите од ревизорските извештаи достапни на следниот линк:
http://www.transparency.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=502&Itemid=84

Демантираме дека кампањата за whistleblowers е започната со цел да се заштитат одредени поединци во македонската политика и дека е поврзан со судската одлука за случајот „Пуч“. Кампањата се спроведува во рамки на проектот “Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”кој е започнат на 15.11.2014 година, неколку месеци пред првото објавување на прислушуваните разговори. 

Поради невистинитоста на наводите изнесени во оваа статија, ТИ-М ќе поднесе Барање за извинување и јавно повлекување на објавениот текст и тужба за клевета.
 
 

Во меѓувреме Транспаренси Интернешнел Македонија спроведе повеќе активности поврзани со овој проект, вклучително и:
 
Изготвување на анализа на Законот за спречување на корупција од аспект на whistleblower во Република Македонија;
 
Објавување на четири истражувачки стории 
 
Агенцијата “Рејтинг” спроведе истражување за перцепцијата на граѓаните за етичкото, неморалното и незаконско однесување во фирмите и институциите. 
 
Дел од резултатите од истражувањето со назив “СЛАБА ЗАШТИТА И СТРАВ ОД ПОСЛЕДИЦИ ЗА ПРИЈАВУВАЧИТЕ”  беа објавени во неделникот Фокус и дневните весници Слободен печат и КОХА.
 
На три локации во Скопје  беа поставени билборди насловен “ЗА ЗАШТИТА НА ПРИЈАВУВАЧИТЕ”.
 
На 29.04.2015 година, ТИ-Македонија одржа работилница на тема: „Заштита на пријавувачите низ институционалниот систем во Македонија”.