Демант
 04.08.2015 Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија (Транспарентност-Нулта Корупција) ги демантира наводите изнесени во дневниот весник Вечер, во статијата насловена „Ова се соросоидите од подземјето кои бараат власт без избори“ потпишана од Ивона Талевска, главен и одговорен уредник на весникот, објавена во електронското издание на весникот на 03.08.2015 година во и во печатеното издание на весникот на 04.08.2015 година.

Демантираме дека здружението Транспаренси Интернешнел Македонија е финансирано од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, во јавноста попозната како Сорос. Транспаренси Интернешнел Македонија никогаш до сега не аплицирало, ниту пак добило грант од оваа фондација. Во ова можете да се уверите
од ревизорските извештаи достапни на следниот линк: http://www.transparency.mk/index.phpoption=com_content&task=view&id=502&Itemid=84
 
 
 

Ги демантираме наводите дека Транспаренси Интернешнел Македонија е дел од каква било група на невладини организации која „наутро се претставува како НВО, а навечер и ноќе работи како казнена експедиција на политичката партија СДСМ“. Ги демантираме и сите останати наводи кои укажуваат на тоа дека дека ТИ-М учествувала во каква било пропаганда поврзана со „продажбата на македонското знаме и име“, дека учествувала во „поттикнување на немири и обид за уништување на ДПА на Арбен Џафери“, дека учествувала во медиумски пропаганди за поставување на позиции на политички функционери и другите слични невистини. Напоменуваме дека ТИ-М не ни постоела во времето на случување на настаните кои се опишани во текстот, па дури и навистина да се случиле, ТИ-М немал можност да учествува во нив.

Поради невистинитоста на наводите изнесени во оваа статија, ТИ-М ќе поднесе Барање за извинување и јавно повлекување на објавениот текст и тужба за клевета.