Македонија станува балкански Лас Вегас: низок стандард и пренагласено коцкање

scoop_logo-mk.png

18.08.2015 Во земјата цвета бизнисот со игри на среќа. Истражувањето на ЦИН СКУП - Македонија покажа дека од познатата австриска коцкарница Новоматик АГ, па сè до турската Принцес Груп, тие се сè поприсутни низ сите градови на земјата. Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и рекордни 59 салони со апарати за покер.

 Македонија е на дното на листата на балканските земји според странски директни инвестиции. Официјалните бројки покажуваат дека во 2013 година Македонија привлекла само 251 милион евра странски инвестиции, Црна Гора 350 милиони, Босна и Херцеговина 300 милиони, додека Косово истата година има регистрирано 259 милиони евра.

Сепак, не е сè така црно. Во земјата цвета бизнисот со игри на среќа. Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и рекордни 59 салони со апарати за покер.

„Колку сиромаштијата е поголема толку повеќе расте бројот на обложувалници и казина“, смета Димко Кокароски, поранешен заменик-министер за финансии и актуелен професор на Економскиот факултет во Прилеп.

„Колку е поголема сиромаштијата толку повеќе луѓето се надеваат дека некои екстра пари можат да ги извлечат од калта. Коцкањето е зголемено кај нас. Имаме низок стандард и пренагласено коцкање“, вели тој.

Најатрактивните локации – места за коцкање

На социјалните мрежи сè повеќе никнуваат иницијативи против оваа поплава со ново отворени места за коцкање. На многумина им пречи дека државата дозволува тие коцкарници да функционираат во централните подрачја на градовите, и бараат тие да се преместат во периферија, подалеку од населените места.
 
 „Можам да кажам дека во Прилеп централните места се кладилници и коцкарници. Најубавите локации во градот под Марковите кули се заземени од коцкарската индустрија“, вели професорот Кокаровски.

Не само во Прилеп туку речиси во сите градови на Македонија интензивно се отвораат апарати за покер, кои го привлекуваат вниманието на минувачите со нивните спектакуларни светла кои во фокусот го имаат џек-потот кој е на располагање.

Од Министерството за финансии велат дека казината и апаратите за покер се даночни обврзници како секои други субјекти на пазарот.

„Приредувачите на игри на среќа во казино, во согласност со член 66 од Законот за игри на среќа и забавните игри, за приредување игри на среќа плаќаат посебна давачка во висина од 20 проценти, која се пресметува на разликата помеѓу уплатениот износ во сите автомати на тој приредувач и исплатениот износ од сите автомати, на месечна основа“, се вели во писмениот одговор од Министерството, добиено по Законот за слободен пристап до информации.

Но, професорот Кокаровски смета дека лиценците што се даваат за работа на компаниите кои организираат игри на среќа се приход во буџетот, и тие нема ниту да ја поттикнат ниту да ја развијат економијата.

„Имаме состојба каде 100 или 500 луѓе се обложуваат во кладилница, а едно лице добива“, вели тој.

„Сите истражувања“, вели Кокаровски, „покажуваат дека во обложувалниците уплаќаат најсиромашните слоеви од населението. Тие 500 луѓе се сиромашни, а со обложувањето денес тие стануваат посиромашни за уште 50 денари, со што само едно лице ќе заработи. Со ова се врши неправедна редистрибуција на доходот и се зголемува сиромаштијата“.

Тој смета дека општествениот трошок, како пораст на алкохолизмот, наркоманијата, семејното насилство и криминалот е многу поголем од бенефитот што го има општеството и државата од наплаќањето на приходите од лиценци во буџетот.
 
 Австриските и компаниите од земјите со даночни олеснувања, кои се познати како офшор финансиски центри, се најголемите играчи во македонскиот пазар на игри на среќа. Сè поголемиот интерес за инвестирање во овој сектор придонесе Македонија да биде именувана како балкански Лас Вегас.

Според документите со кои располага СКУП – Македонија, казиното „Хит Интернатионал“ е во сопственост на Киро Костовски од Скопје и на домашната компанија „Минт Интернатионал“ од Гевгелија. Како сопственик на оваа компанија се јавува оф-шор компанијата „Минт Интернатионал Лимитед“ со седиште во островите Сент Китс и Невис.

Казиното „К.А.К.“ е во сопственост на компанијата „Басан Холдингс ПТИ ЛТД“ од Австралија и на македонскиот државјанин Огнен Циговски.
 
„Децата, уште од мали нозе се во контакт со коцкањето како порок. Иако е забрането со закон, сепак, тие влегуваат во обложувалници итн. Подоцна треба посебни програми за ресоцијализација на тие деца кои државата ќе ја чинат пари“, вели Кокаровски.

Сопственичката структура

Австриските и компаниите од земјите со даночни олеснувања, кои се познати како офшор финансиски центри, се најголемите играчи во македонскиот пазар на игри на среќа. Сè поголемиот интерес за инвестирање во овој сектор придонесе Македонија да биде именувана како балкански Лас Вегас.

Според документите со кои располага СКУП – Македонија, казиното „Хит Интернатионал“ е во сопственост на Киро Костовски од Скопје и на домашната компанија „Минт Интернатионал“ од Гевгелија. Како сопственик на оваа компанија се јавува оф-шор компанијата „Минт Интернатионал Лимитед“ со седиште во островите Сент Китс и Невис.

Казиното „К.А.К.“ е во сопственост на компанијата „Басан Холдингс ПТИ ЛТД“ од Австралија и на македонскиот државјанин Огнен Циговски.

„Макотен“ е во сопственост на „Аустриан Гаминг Индуестриес ГмбХ“, компанија која е во сопствеништво на групацијата „Новоматик АГ“ од Австрија. Оваа австриска компанија се јавува како основач и на фирмата „ХТЛ Македонија ДОЕЛ Скопје“, која е сопственик и на апаратите за покер „Ма Гаминг“ и „Мастербет“. Групата Новоматик, која стана позната заради фактот што во периодот од 1997 до 2003 година како директор бил сегашниот комесар за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, е присутна во Македонија и преку компанијата „ДХТЦМ ДОЕЛ Скопје“, која издава под закуп или преку лизинг машини, опрема и материјални добра.

Славниот шампион на Формула 1, Ники Лауда е бренд амбасадор на Новоматик.

Казиното „Корона Интернатионал“ е во сопственост на две компании од офшор земји: „Алтона Холдинг С.А.“ од Панама и „Стелар Интернатионал С.А.“ од Маршалските Острови.
 
 Светски познатиот синџир на казина „Принцес Груп“, на турскиот бизнисмен Суди Озган, се во Македонија од 2003 година, но со работа почнале пред околу 6 години. Нивното казино е во сопственост на компанијата „ИРАДА Акционерско друштво“ со седиште во Лихтенштајн. Озган, според мрежата за известување за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП), во Турција беше обвинет за криење данок и перење пари, додека со проблеми се соочил и во други земји каде го шири својот бизнис, како во Панама и во Бугарија.
 
Сопственици на апаратите за покер „Астра“ се Ивана Грубар-Муфтич од Велика Британија, Светозар Недељковиќ од Србија и Петар Грубач од Словенија. На словенската фирма „Интеркватро ДОО Порторож“ како сопственици се јавуваат Зоран Јесич и Ивана Грубар-Муфтич. Оваа фирма, Грубар-Муфтич и Петар Грубач, заедно со компанијата „Монеда Инвестментс“ од Луксембург, се јавуваат како сопственици на коцкарниците „Фламинго“.

Апаратот за покер „Матрикс“ е во сопственост на Борче Шишовски, „Гаминг Професионал“ на Владимир Пауновски, „Казино Меркур“ на Ѓулнеар Алими, „Дивиен“ на Весна Белишева и на Весна Ненова, додека „Кинг Слот“ е во сопственост на Мирко Николов, Елизабета Китанова-Велкова и на Тони Китанов.

Коцкарницата „Сенатор“ е во сопственост на холандската компанија „Фламинго Партиципатионс БВ“ со седиште во Амстердам. Прилично сложена сопственичка структура има компанијата со лиценца за игри на среќа „Апекс МК“. Како нејзини сопственици се јавуваат четири компании: „Калл Макс ДОО Скопје“ и австриските компании „Алекс Холдинг ГмбХ“, „ИНТГХ учество и консалтинг ГмбХ“ и „ Унио Бетеилигунгс ГмбХ“.
 
 Коцкањето како болест

Понудата на овие казина и апаратите за покер стануваат сè поатрактивни за луѓето кои се надеваат на брза заработувачка. Неретки се и луѓето кои бараат помош за да се откажат од коцкањето. За разлика од поразвиените земји каде покерот и игрите на среќа се сфаќаат како забава, во земјите со низок животен стандард коцкањето се сфаќа и како опасна зависност, која треба да се лечи.

„Не знам како да се спасам од коцкањето. Кај и да се свртам гледам казина. Тоа ме привлекува, ме влече да влезам внатре и да ја испробам среќата“, вели 44-годишен маж, кој сакаше да остане анонимен. Тој е женет и е татко на три деца.

„Сите имаме соништа и планови за подобар живот. Пред околу 10 години викав да ја испробам среќата. Тогаш фатив џек-пот од околу 5 илјади евра. Мислев дека сум на вистински пат да имам подобар стандард. Но, се излажав. Изгубив сè, а навлезен сум и во долгови“, раскажува нашиот соговорник.

Тој вели дека во првите години се надева и се коцка за да заработи пари, а во последните да ги врати изгубените.

„Ако ги вратам сите пари кои во овие 10 години ги изгубив во коцкање, можеби ќе се откажам. Вака потонав. Само што ќе ми се најдат пари во раце, веднаш нешто ме тера да ја испробам среќата во апаратите за покер. Не можам да одолеам, иако ја изгубив довербата кај жена ми, децата, кај пријателите. Не знам како да се извлечам…“, вели соговорникот.
 
Психијатарот Павле Павлов смета дека коцкањето не секогаш е болест, но ако премине во опсесија тогаш треба да се лечи.

„Треба прво да се дијагностицира коцкањето како болест. Ако даваме за игрите на среќа до 10 проценти од примањата, тогаш коцкањето не е болест. Ако се надминува оваа граница, тогаш веќе е ризично коцкањето, што подоцна може да помине во навика“, смета тој.

Според Павлов, коцкањето е во групата на болести од зависност, како алкохолизмот или зависноста од храна.

„Има пораст на коцкањето, од осамостојувањето досега. За разлика од сега, во комунизмот, ние како Македонци не можевме да влегуваме во казино. Тоа беше достапно само за странците. Затоа и достапноста на игрите на среќа ги поттикнува зависниците од коцка да играат што повеќе“, вели Павлов.

„Кога има голема сиромаштија“, потенцира тој, „луѓето сè повеќе се оддаваат на коцка. Што поголема сиромаштија толку повеќе коцкари, тоа е право пропорционално“.

„Фазите во коцкањето се: забава, ризично коцкање и зависност. Кога ќе стане зависен, коцкарот мора да игра. Кога ќе го фатат кризите, тој е подготвен и куќата да ја продаде, да позајми пари дури и со 10 посто дневна камата. Тоа ги убива, тие живеат од позајмување пари. Потоа на сцената стапува криминалот за да можат да обезбедат пари“, вели Павлов.

Во повеќето земји во светот е ограничено колку казина може да има и секогаш се гледа тие да бидат надвор од населените места.

На пример, во цела Грција има само неколку казина. Во Солун има едно и уште едно на краците. Потоа има во Атина и на некој остров, повеќе нема. Во САД, коцкарници има само во Лас Вегас и уште во некој друг град. На друго место нема коцкарници.

И докторот Павлов смета дека коцкарниците и обложувалниците треба да бидат подалеку од градовите.

„Треба да се ограничи колку луѓе може да има во една обложувалница или во едно казино. Тоа треба да биде строго забрането за малолетници, а мислам дека кај нас и малолетници пуштаат во коцкарниците и во обложувалниците.

Државата воведе лиценци за игрите на среќа и мислам дека го намалуваат бројот на објекти за коцкање. Тие треба да платат големи пари за лиценци“, подвлекува Павлов.

„Не е само финансискиот аспект“, вели тој, додавајќи дека „коцкањето може многу да придонесе во растот на болестите на зависност и во растот на криминалот“.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.) 
 
 http://scoop.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BB%D0%B0%D1%81-%D0%B2%D0%B5%D0%B3/