Граѓанското општество без улога во македонската криза со корупција
mk_flag.jpg 08.09.2015 Тоа беше долго топло лето во Македонија. Не само што оваа мала балканска држава е на првите позиции на миграцијата криза во Европа, но домашната политичка криза, која се крчка од почетокот на годината, дојде до вриење.

Во февруари минатата година, најголемата опозициска партија го емитуваше првиот дел од серијата на тајни снимки кои велат дека се разговори меѓу високи функционери, меѓу кои и сегашниот премиер. 35 од понатамошните делови од овие "информациони бомби" ја притиснаа нацијата во текот на пролетта и летото. Доколку е вистина, разговорите обезбедуваат јасна слика на една земја обременета од корупција и злоупотреба на службената должност.


 

  Постојат дискусии за тоа, на кои од судиите може да им се верува дека ќе донесат поволна пресуда; гласачки местенки и измамничко регистрирање на гласачите; користењето на јавни средства за купување на луксузни автомобили; па дури и мито што може да се очекува од кинески градежни компании.

Ништо од ова немаше да биде веднаш видливо од извештајот на Европската комисија за напредок за Македонија, објавен во 2014 година, кој содржи реченици како "надлежноста и самостојноста на судот, исто така, треба да биде дополнително зајакната" и "напорите треба да продолжат да изградат резултати, обвиненија и пресуди во случаи на организиран криминал и корупција ". Во извештајот се заклучува дека земјата е подготвена да продолжи во следната фаза од пристапниот процес.



Сепак, дури и Комисијата не можеше веќе да се прави “глува” на запрепастувачките наводите содржани во снимките, и така во април оваа година  формира независна комисија која ќе го надгледува владеењето на правото во Македонија, предводено од Рајнхард Прибе, поранешен Претставник на Комисијата кој го надгледуваше  објавувањето на извештајот на ЕУ за спречување на корупција во 2014 година. Комисијата на Прибе издаде своите наоди во јуни, што за некои ги направи непријатно четиво за владините претставници.

По интензивните преговори во јули оваа година, делумно со посредство на Европската комисија и европратениците, сега постои повеќепартиски договор за спроведување на препораките на извештајот во целост. Ова сега ќе се случи во дијалог со Комисијата. Исклучени од сето ова, изненадувачки, се организациите на граѓанското општество и граѓаните на земјата. Тоа е изненадувачки, бидејќи ако снимките се вистинити, тие откриваат државен апарат кој беше заробен од елементи кои делат многу од карактеристиките на организирана криминална група. Како би се очекувало од државата да се реформира во овие околности, без отворен и консултативен процес кој вклучува широк спектар на чинители, е прашање на сите.


Транспаренси Интернешнл Македонија, заедно со две значајни коалиции на граѓанското општество во Македонија - Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата и Мрежа 23 - имаат издадено соопштение за нивното несогласување на ваквата состојба на работите и уште еднаш потврдувајќи ја нивната подготвеност да придонесат со нивната стручност. Европската комисија треба да го послуша нивниот повик и да инсистира на еден процес на инклузивни реформи кои можат да  ја оживеат доверба која се разниша со  "информационите бомби”.

Напишано од Карл Долан, директор на Транспаренси Интернешнл Канцеларија во Брисел