ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ
05.12.2015 Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) има потреба од ангажирање на здруженија на граѓани на ниво на Република Македонија, со цел имплементација на проектот:  “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес”, финансиран од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
 
Проектот се реализира во соработка со Центар за Економска Анализа (ЦЕА) и има за цел да реализира мониторинг на трошењата од страна на политичките партии и јавната управа за време на изборите во Април 2016.  
 
Опис: Заинтересираните здруженија да предложат по двајца вработени:1 (еден) од областа на финансиското работење и 1 (еден) од областа на општествените науки (политички науки, правни науки, административно работење и слично) кои ќе бидат ангажирани за имплементација на предвидените проектни активности. Избраните кандидати ќе бидат обучени за спроведување на мониторингот.
 
Период: 6 месеци
 
 
 

Повикот се однесува на здруженија на граѓани од следните региони:
 
1. Скопски Регион, со општините: Гази Баба, Аеродром и Центар;
2. Вардарски Регион, со општините: Велес, Кавадарци и Чашка;
3. Источен Регион, со општините: Штип, Кочани и Карбинци;
4. Југозападен Регион, со општините: Струга, Охрид и Македонски Брод;
5. Југоистоен Регион, со општините: Струмица, Гевгелија и Босилово;
6. Полошки Регион, со општините: Тетово, Гостивар и Врапчиште;
7. Пелагониски Регион, со општините: Битола, Прилеп и Новаци;
8. Североисточен Регион, со општините: Куманово, Крива Паланка и Кратово.
 
При аплицирањето, задолжително, секој потенцијален набљудувач треба да наведе за кој плански регион е заинтересиран.
 
Критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

За здруженија на граѓани:
- Да се занимаваат со активности и проекти од областа на владеењето на правото и/или економските прашања;
- Да спроведуваат активности од минимум 5 години (да се достави листа на имплементирани проекти);
- Да се регистрирани согласно Законот за Здруженија и Фондации;
 
За предложените кандидати:
- Најмалку 3 години работно искуство од областа на финансиското работење ( еден кандидат);
- Најмалку 3 години работно искуство од областа на општествените науки ( еден кандидат);
- Одлични аналитички, комуникациски и истражувачки способности;
- Политичка не-експонираност;
- Познавање на регионот и подготвеност за патување;
- Познавањето на албански јазик ќе се смета за предност;

Здруженијата и нивните кандидати треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот.
 
Огласот трае 7 дена од датумот на објавување.
 
Селектираните здруженија дополнително ќе бидат контактирани и поканети на разговор. Апликациите да се испрататат по пошта на адреса Транспаренси Интернешнл -Македонија ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270 или на e-mail Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
 
Се поттикнуваат да аплицираат кандидати од двата пола, со цел остварување на родова рамноправност при изборот.