Прес конференција „ИНДЕКС НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА ЗА 2015 ГОДИНА“
cpi_2015_map.jpg
 
26.01.2015 По повод претставувањето на Индекс на перцепција на корупцијата 2015, кој ќе биде објавен во 168 држави во светот, Транспаренси Интернешнл – Македонија Ве повикува да присуствувате на прес конференција „ИНДЕКС НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА ЗА 2015 ГОДИНА“ која ќе се оддржи во среда на 27 јануари 2016 со почеток во 11 часот во просториите на Транспаренси Интернешнл – Македонија на адреса ул. Наум Наумовска Борче бр. 58, 1000 во Скопје.
Индексот на перцепцијата на корпцијата е всушност составен врз основа на резултатите од други релевантни истражувања кои биле објавени во последниве 24 месеци. При тоа, основен услов одредена територија/држава да биде рангирана е да биде опфатена со најмалку три иницијални истражувања од вкупно 12 можни. Сите тие истражувања ја мерат перцепцијата за корумпираноста на јавниот сектор и претставуваат мислење на експерти, претставници од институции и деловни лица, најчесто од странство. Секој од овие извори се оценува врз основа на веќе утврдени  критериуми од страна на ТИ.
 
 

Македонија и оваа година, е рангирана врз основа на 6 истражувања, кои биле  објавени до крајот на 2015 година, при тоа користени се исти извори како и во последните две години. Имено за потсетување Македонија изминатите две години имаше мал напредок во однос на на Индексот на перцепцијата на корупцијата така што во 2013 година беше рангирана на 67 место додека во 2014 на 64 место.

На прес конференцијата сите учесници ќе добијат материјали од истражувањето на прес конференцијата, додека непосредно пред почетокот на конференцијата материјалите ќе бидат поставени на интернет страната на Транспаренси Интернешнл – Македонија .