Потпишан меморандум за соработка за формирање на платформа за набљудување на изборите
 
press110222016.jpg
11.02.2016 Граѓанската асоцијација „МОСТ“, Институтот за комуникациски студии, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Центарот за економски анализи и Цивил – Центар за слобода, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел формирање на транспарентна и инклузивна платформа за соработка и комуникација базирана на Декларацијата за глобалните принципи за непристрасно набљудување и мониторинг на изборите од страна на граѓански организации, како и промоција на заеднички стандарди и начини на однесување во текот на процесот. Декларацијата е потпишана на 3 април 2012 година под покровителство на Обединетите Нации, поддржана е од страна на повеќе меѓувладини организации, а потпишана е од страна на 160 невладини организации од целиот свет.
 
pdf memorandum_za_sorabotka 524.60 Kb 
 
 
 
 
Соработката меѓу другото ќе се базира врз почитување на уставот, законите и меѓународните обврски поврзани со изборите, непристрасност и политичка неутралност, како и непристрасно, точно и навремено известување засновано на факти.

Сите организации-потписнички на меморандумот се согласија да соработуваат за да ги штитат правата на гласачите и политичките актери, со строга непристрасност и без дискриминирање, неразумни ограничувања, мешања или заплашувања.



Граѓанската асоцијација МОСТ
Институт за комуникациски студии
Транспаренси Интернешнл – Македонија
Центар за економски анализи
Цивил - Центар за слобода