Работилница:„Нормативната и институционална рамка за заштита на укажувачите во Македонија“
whistleblowers.jpg
 
11.04.2016 Транспаренси Интернешнл - Македонија (ТИ-М) со особена чест и задоволство Ве известува дека на 11 април 2016, (понеделник) со почеток во 10 часот во Хотел „Стоун бриџ“ во Скопје, ќе одржи  работилница на тема „Нормативната и институционална рамка за заштита на укажувачите во Македонија“.

На работилницата присутните ќе имаат можност да се информираат за новиот Закон за заштита на укажувачите, додека претставниците од институции кои се надлежни за имлементацијата на законот ќе дадат краток осврт на новата правната и институционална рамка. Остварувањето на соработка помеѓу надлежни институции и граѓанскиот сектор ќе допринесе кон остварување на нашите заложби во однос на ефикасната заштита на укажувачите и остварувањето на напредокот во борбата против корупцијата во Република Македонија. 
 

 

Оваа работилница е дел од активностите кои ТИ-Македонија ги спроведува во рамките на проектот “Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”, кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холаднија во Репблика Македонија.