Известување до медиуми
civica-logo.png
 15.07.2016 Транспаренси Интернешенал Македонија во соработка со здружението Зелена Лупа, започнаа со реализација на граѓанската акција „СИТЕ ЗАЕДНО ПО ПАТОТ ДО ПРАВДАТА“, која што е поддржана преку програмата за развој на граѓанското општество на „Цивика Мобилитас“.  

На 14 јуни официјално започна со работа канцеларијата на Комитетот за заштита на правата на лицата кои се сметаат за жртви на правосудниот систем. Целта на оваа акцијата е да се даде придонес кон подигањето на јавната свест во државата за реформа на правосудниот систем, како и за потребата од правични судски процеси без дискриминација (политичка, етничка, родова, сексуална итн.). За потребите на акцијата ќе се започне со креирање на регистар и секој граѓанин кој што се чувствува жртва на правосудниот систем, без ралика дали лично или пак преку член на неговото семејство, ќе може да се обрати во канцеларијата каде што ќе биде примен од страна на административното лице.

Преку овој проект, за прв пат ќе се направи независна стручна експертска анализа на 12 правосилни судски пресуди, и преку конкретни примери ќе бидат дефинирани слабостите на македонскиот правосуден систем кој е предмет на постојана критика. Овој проект ќе биде добра основа и појдовна точка за идните процеси на подобрување на капацитетите и интегритетот на македонското судство.
 
 
 
 

Со промовирање на градењето на мрежата и повикот за приклучување ќе се отвори вратата за сите заинтересирани страни со цел поголем број на граѓани да бидат информирани за акцијата, а воедно и да бидат мотивираат за нивна вклученост во активностите на истиот. 

На отварањето присуствуваа Д-р Слаѓана Тасева претседателката на ТИ-Македонија,  претставници од ТИ-Македонија, Здружението Зелена Лупа, Комитетот за заштита на правата, како и претставници од десетина судски случаи кои што се чувствуваат за жртви на правосудниот систем.

Во првиот дел од средбата на присутните им беше презентиран концептот на проектот и акциониот план односно предвидената динамика на проектните активности, каде во првата фаза од овој проект ќе се формира Експертски совет кој ќе биде составен од независни реномирани Експерти кои ќе изградат критериуми за избор на предмети и методологија за анализирање на предметите.

Проектот е со траење од 18 месеци.
 
Проектот е подржан од Цивика мобилитас, имплементиран од страна на Транспаренси Интернешнл- Македонија  и партнер орагнизацијата Зелена Лупа од Скопје