Усогласување на Законот за заштита на укажувачи со препораките на венецијанската комисија
rt_wb_27092016.jpg

 

20.11.2016 Транспаренси Интернешнл Македонија на 27 септември 2016 година организираше работилница на тема  „Усогласување на Законот за заштита на укажувачи со препораките на венецијанската комисија“ која се одржа во Хотел Соун Бриџ во Скопје.

 На работилницата се обрати Претседателката на Транспаренси Интернешнл, Д-р Слаѓана Тасева која истакна дека институциите мора да вложат напори во поглед на соодветна имплементација на законот за Заштита на укажувачи, но, од друга страна и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија, за кои ќе се предложат модалитети или алтернативи со кои овие препораки би можеле да бидат вградени.

Од присутните се обрати и Амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е Воутер Пломб кој посочи дека пријавувањето е навистина важно прашање бидејќи со обезбедување на заштита на пријавувачите и со овозможувањето истите да пријават корупција и различни измами се брани јавниот интерес. Во Холандија кога се носи одреден закон секогаш се водат дискусиии и се донесуваат со консензус, и откако ќе биде донесен понатаму се рагзледува и се носат измени. Имајки ги предвид препораките од специјализираните тела како што е Венецијанската комисија, од посебно значење е тоа што Република Македонија направи клучни чекори во однос на овој закон а особено поради тоа што политичките партии изразија волја да се справат со ова прашање. Амбасадорот исто така изјави и дека се надева дека политичките партии ќе ги исполнат своите заложби кои ги направија со договор од Пржино.

 

 


Г-дин Јован Јовчевски надополни и додаде дека Венецијанската комисија повикува на детална ревизија на Законот за заштита на приватноста кој се базира на легитимни цели но не постигнува соодветна рамнотежа меѓу приватниот интерес и интересот на јавноста да биде информирана, се наведува во последниот заклучок.
 
Една од клучните забелешки на Венецијанската комисија се однесува на законската можност судските власти да го објават идентитетот на заштитениот сведок без негова или нејзина согласност. На овој податок се надоврза и г-ѓа Милка Ристова, поранешен судија во Врховен суд на Република Македонија, која исто така истакна и дека успешната борба против корупцијата и организираниот криминал е во тесна врска со спроведувањето на Законот за заштита на укажувачите како и дека за успешно спроведување на законот потребно е истиот да биде напишан на јасен, прецизен начин и разбирлив за секој граѓанин.
 
Г-динот Петар Аневски, зборуваше за поврзаноста на законот за заштита на укажувачи со законот за заштита на сведоци презентирајки неколку случаи од своето работно искуство. Досега многу малку е овозможена заштиа на сведоци кои во текот на нивното испрашување откриваат многу податоци поврзани со истите или други случаи. Во пракса, постојат повеќе случаи кадешто во текот на истрагата, при соработката, доколку сведокот помогне при откривање на важни факти, им се ветува дека ќе бидат заштитени од страна на државата од одмазда. Но сепак, во пракса, последиците се такви што тие сведоци не се доволно заштитени од одмазда. Потребно е да се утврди како тие лица би можеле да се заштитат подобро.
Спорно според Транспаренси е и прашањето на анонимноста и доверливоста, поточно начините на обезбедување на заштита на идентитетот на укажувачите како и прашањето дали е доволна казна од 6.000 евра за откривање на идентитетот на дојавувачот.