ДИК надлежностите и капацитетите за изготвување и ефективно одржување на Избирачкиот список
dik.jpg
 
07.11.2016 Транспаренси интернешнл – Македонија го изработи Документот за јавни политики „ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА - Надлежностите и капацитетите за изготвување и ефективно одржување на Избирачкиот список“. Во документот се дава краток хронолошки осврт на проблемите во поглед на избирачкиот список во Република Македонија, анализирајќи ги законските измени во Изборниот законик, улогата и надлежностите на ДИК во поглед на Избирачкиот список, како и практичната примена на новите нормативни решенија. Анализата воедно посочува одредени препораки и предлози кои се однесуваат на неопходноста Република Македонија да обезбеди соодветни услови за остварување на избирачкото право на секој граѓанин токму преку организирање на легитимни избори и почитување на основните демократски вредности.
 
pdf drzavna_izborna_komisiija_nis 1.19 Mb 
 
 
Овој документ е подготвен во рамките на проектот „Зајакнување на националниот систем за интегритет во земјите од Западен Балкан и Турција и следење на развојот на антикорупциските напори” кој финансиски е поддржан од страна на Европската Унија и од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.