Работилница на тема “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА - СТОП НА НЕПРАВДИТЕ”
rt_12062017_1.jpg
12.06.2017 Траспаренси Интернешнл - Македонија (ТИ-М) заедно со Здружението за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА одржаа работилница на тема “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА - СТОП НА НЕПРАВДИТЕ”, која се одржи во Хотел Дувет во Скопје.
На работилницата беа презентирани заклучоците и препораките од анализите на кривичните предмети: Фаланга, Ликвидација, Мигранти, Детонатор и Аполон, кои беа подготвени од страна на експерти во рамки на проектот кој воедно е поддржан од страна на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.
 
pdf izveshtaj_od_analiza_na_pravosilni_krivicni_predmeti 744.14 Kb 
 
 
Воведно излагање на настанот имаше Д-р Слаѓана Тасева, претседател на ТИ-Македонија која посочи дека „денеска го презентираме првичниот извештај од анализираните 6 од вкупно 12 дела, кои семејствата на обвинетите во случаите на организиран криминал ги доставија до нас. Анализите се правени на основа на обвинетите лица, за тоа како се, одвивала постапката во судскиот процес и прибавувањето докази за лицата обвинети во тие случаи. Во анализата на процесите не навлегуваме во евентуалната политичка мотивираност на постапката, туку само дали постоела објективна и неселективна постапка.“

Имено од изготвените анализи Експерсткиот совет ги издвои следниве клучните наоди:

- Јавните обвинители немаат јасна претстава за криминалната количина што е предмет на обвинение
- Третманот на организирана криминална група или здружение (создавач)
- Недостасува опис на дејствијата заснован на факти
- Нецелосно утврдена фактичка состојба за пресудите
- Немање мотив – фактичката состојба за носење на пресуди
- Осуди засновани на исклучиво на индиректни докази
- Пресуди со очигледни грешки на штета на осудените лица
- Строга казнена политика
- Не се води сметка за личноста на обвинетиот
- Преоценка на казнена политика
- Пресуди засновани на утврдена фактичка состојба
- Почитување на начело на објективност како елементарно за кривичната постапка 

На настанот присуствуваа професори, судии, јавни обвинители, претставници од медумите и граѓани кои беа директно засегнати со предметите со цел да дебатираат за презентираните наоди  со цел изнаоѓање на понатамошни системски решенија.
 
 
rt_12062017_2.jpg
 rt_12062017_3.jpg