ДКСК и Транспаренси Интернешнл Македонија склучија Меморандум за соработка
mou_17112017_1.jpg
 
15.11.2017 Државната комисија за спречување корупцијата и Транспаренси Интернешнл Македонија склучија Меморандум за соработка со цел остварување на активности од заеднички интерес кои што ќе бидат резултат на програмата за заемна соработкa преку проектот „Зајакнување на националниот систем на интегритет во земјите од Западен Балкан  и Турција и следење на развојот на антикорупциските реформи”, поддржан од Европската унија и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
 
Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на  Државната комисија за спречување корупцијата д-р Игор Тантуровски и Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија д-р Слаѓана Тасева.
 
 
 

Меморандумот опфаќа соработка во активностите за зајакнување на ефикасната примената на законот за заштита на укажувачи, соработка и комуникација помеѓу ДКСК и ТИ-М, размена на информации, заедничка соработка и присутност на јавните дебати, работилници, конференции за подигање на јавната свест и презентација на заеднички реализираните активности на официјалните веб страни на потписниците на Меморандумот.
 
Партнерите се согласуваат да промовираат заедничка соработка во согласност со принципите на взаемно разбирање и развој во остварување на цели, како што е наведено во соодветните акти на Државната комисија за спречување корупција и Транспаренси Интернешнл Македонија.
 
Овој меморандум може да биде проширен во иднина во однос на соработката во други заеднички активности како што се поддршка на транспарентноста, доброто корпоративно работење, интегритетот, истражувањето, развојот и сл.
 
 
mou_17112017_2.jpgmou_17112017_3.jpg