Борбата против корупцијата во Македонија во 2017 година
 
28.12.2017 Транспаренси интернешнл –Македонија на 28.12.2017 одржа прес конференција на тема Борбата против корупцијата во Македонија во 2017 година. На прес конференцијата Д-р Слаѓана Тасева, претседател на ТИ-М укажа дека „Борбата против корупцијата во Република Македонија сè уште не е на нивото кое е неопходно за да овозможи развој на демократските вредности и владеењето на правото. Ескалацијата на овој проблем најдобро се огледа во огромниот пад на земјата на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, според кој таа падна за цели 24 места – од 66-то на ниското 90-то место во светот. Овој резултат покажа дека корупцијата е сериозна пречка за владеењето на правото, развојот на економијата, инвестициите и демократијата.“
 
  pdf borbata_protiv_korupcijata_vo_rm_vo_2017_godina 1.02 Mb
 
 
Република Македонија е општество во кое односите се засновани на клиентелизам. Долго време е граден систем во кој владеат интересите наместо правото, корумпираните се заштитуваат и се игнорираат негативните ефекти од корупцијата. 
 
За да се подобрат состојбите, потребни се:
 
- добро планирана,  организирана и ефикасна активност во борбата против корупцијата во која ќе бидат вклучени сите чинители: Владата, институциите за прогон, Собранието во неговата функција на надзор и контрола, независно удство ослободено од сите влијанија, невладините организации;
- реформа во ДКСК;
- подигање на колективната свест која што треба да е биде ослободена од духот на партиски послушници;
- Владата треба да обезбеди целосна независност во работењето на другите власти, во Судската и Законодавната Власт. Предуслов за тоа е обезбедување на капацитет, професионализација, ресурси и целосна независност на Јавното Обвинителство како орган на прогон кој треба и мора да делува независно од политиката;
- Реформата на администрацијата треба да обезбеди интегритет и лична одговорност со почитување на институционалниот амбиент утврден со Уставот;
- да се овозможи непречена работа на СЈО како посебно одделение во рамките на ЈО со цел да се окончаат веќе започнатите предистражни постапки;
- Судска разрешница на случаите како Афис и Банки, кои веќе со години се во предистражна постапка. Потребна е судска разрешница и на сите предмети кои ги води Специјалното јавно обвинителство.