Презентација на резултати од проценка на ранливост од корупција во постапките на вработувања

22.092020 Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси Интернешнл-Македонија Ве покануваат да бидете дел од настанот на кој ќе бидат објавени резултатите од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, кој ќе се одржи на 24 септември 2020 со почеток во 13:30 часот.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.  
 
Агенда за настанот : pdf agenda_na_prezentacija_24092020 678.20 Kb 
 
Настанот може да се следи на следниот линк  https://us02web.zoom.us/j/87062097582
 
 
 
 

Овој проект опфаќа анализа на правната и институционална рамка, како и на постапките кои се спроведуваат на основа на регулативата од страна на институциите, а поврзано со вработувањата во јавниот сектор. 
 
Предмет на овј настан ќе бидат препораките и активностите кои треба да се спроведат од страна на поголем број институции со цел овој проблем да се надмине на системски начин.