Видео снимка од настанот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“
21.10.2020 Во прилог ја споделуваме со вас видео снимката од денешниот онлајн настан на тема „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ каде што можете да ги слушнете обраќањата на панелистите д-р Слаѓана Тасева, г-динот Никола Димитров, Заменик-претседател на Владата за европски прашања, Амбасадорката на Германија во Р.С. Македонија Н.Е Анке Холштајн, и Амбасадорот на ЕУ Делегацијата во Р.С. Македонија Н.Е Давид Геер.
 
  Агендата за настанот. pdf agenda_21102020 410.91 Kb
 
 
 
Проект: „ Промовирање на заеднички вредности низ Европа “

Имплементиран од: Транпаренси Интернешнл- Македонија, Транспаренси Интернешнл- Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт

Кратки информации за проектот
Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно-европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните  и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво. 

* Овој настан се организира во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, поддржан од Европската Унија преку програмата ,,Европа за граѓаните“.