Истражување на Transparency International - Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана
gdi_2020.jpg
 
09.12.2020 Република Северна Македонија за прв пат заедно со 14 земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) беше опфатена во програмата Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана (Government Defence Integrity Index – GDI) на Transparency International.
 
Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана обезбедува детална оценка на ризиците од корупција во институициите на националната одбрана со оценување на секоја  држава во пет клучни области на ризик: финансиска, оперативна, персонал, политичка и јавни набавки.
 
Република Северна Македонија (РСМ) е оценета со просечна оцена 62 (оцена C) – умерен ризик заедно со Босна и Херцеговина, Естонија, Грузија, Литванија и Полска. 
 
Оценувањето по главните области на ризик за корупција за РСМ е: 
Политички ризик – C 66 бода, 
Финансиски ризик - C 59 бода, 
Ризик на персонал – B 79 бода, 
Ризик од работење – D 38 бода и 
Ризик на набавка – B 68 бода.
 
pdf publikacija_tids-progressunmade 795.53 Kb 
 
pdf prezentacija_gdi 871.59 Kb 
 
pdf metodologija_gdi 602.09 Kb 
 




“За да се постигне подобар напредок и да се зајакне доброто владеење во областа на одбраната Транспаренси Интернешнл- Македонија ја повикува Владата да ја почитуваат независноста на Собранието и институциите за надзор и да им ги обезбедат информациите и времето коешто им е потребно за да ја извршуваат својата надзорна улога, да се зголеми ефикасноста на законот за укажувачи и да се гарантира транспарентен и ефективен пристап до информации како и поголема транспарентност во врска со информации во областа на националната безбедност”, изјави Д-р Слаѓана Тасева претседател на ТИ Македонија.
 
“Дозволете да го изразам моето задоволство што успеавме да се искачиме на високото второ место на листата од сите земји на централна и источна Европа кои се опфатени во истражувањето. Пред нас е само Латвија. Зад нас се сите земји од нашиот регион. Успеавме да бидеме подобри од 4 земји кои се веќе членки на ЕУ и од 6 земји кои се членки на НАТО од многу поодамна. Направивме силен пробив во транспарентноста и интегритетот во работењето. Покажавме дека можеме да обезбедиме европски вредности и стандарди дома”,изјави министерката за одбрана на РСМ Радмила Шекеринска Јанковска. 

Клучните поенти од резултатите за ЦИЕ се:
•Просечна оценка за регионот е 48/100 што означува висок ризик од корупција.
•Црна Гора е оценета со „висок ризик“ со резултат 32, додека Азербејџан има резултат 15 со што влегува во категоријата на „критичен ризик“. 
Високиот степен на транспарентност ја прикажува Латвија како најдобра во регионот со резултат 67 што означува „низок ризик“ од корупција и Република Северна Македонија како втора рангирана во ЦИЕ со резултат 62 што означува “умерен ризик” од корупција
•Авторитарните влади го имаат намалено парламентарниот надзор (Полска) и го ограничиле пристапот до информации (Унгарија), со што ја ограничиле клучната област за јавна дебата и надзор.
 
За Транспаренси Интернешнл 
Со ограноци во повеќе од 100 држави, Транспаренси Интернешнл ја води борбата против корупцијата во последните 27 години. 
 
За Индексот на интегритет на владата во одбраната
Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана или The Government Defence Integrity Index (GDI) е единствениот глобален оценувач за владеењето и за ризиците од корупција во областа на одбраната, којшто се базира на 212 индикатори во 5 категории на ризик: политичка, финансиска, персонална, оперативна и јавни набавки. 
За Централна и Источна Европа вклучени се оценувања на 15 држави: Полска, Унгарија, Литванија, Латвија, Естонија, Украина, Ерменија, Грузија, Азербејџан, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Црна Гора, и Северна Македонија. Сите држави се или членки на ЕУ или НАТО, нивни партнери или земји за пристап.