Работен состанок со Заменик на Претседателот за борба против корупцијата Љупчо Николовски
rs_zprsm_ljn_1.jpg
 
04.02.2021 Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија д-р Слаѓана Тасева и генералниот секретар Методи Зајков денес остварија работна средба со г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

На состанокот заеднички детално беа анализирани резултатите за Република Северна Македонија од Извештајот на Транспаренси Интернешнл за Индексот за Перцепција на Корупцијата (ИПК) за 2020 година.

На состанокот се согласија дека соработката помеѓу сите општествени чинители во борбата против корупцијата е клучна и неопходна како и за искуствата и најдобрите практики кои може да се имплементираат. 

 

Се согласија за понатамошни заеднички активности како и на изготвување на анализа на релевантните извештаи со цел нотирање клучни области во кои е потребно да се делува наредниот период. 

   

rs_zprsm_ljn_3.jpg

 

rs_zprsm_ljn_2.jpg