Мислење на ТНК за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор

logo_eng_jpg

31.10.2007 Во врска со дополнително добиените материјали од Министерството за транспорт и врски со кои се комплетира целокупната документација  која се однесува на постапката за јавното наддавање за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел, каде понудувачот ХЛХ МАЦ ЛЛП ДООЕЛ Скопје е избран за најповолен,  како и врз основа на одржаниот состанок на 17 октомври оваа година во просториите на Министерството за транспорт и врски и непосредно извршениот увид во оригиналната  документација, ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА  известува дека и после извршената објективна и професионална анализа на целокупната документација, нема промени во своите ставови  кои ги зазеде со писмо кое Ви го достави под број 0302-149/2 од 09.10.2007 година.

 

Во прилог е интегралното мислење на експертскиот тим на ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА

 

pdf Мислење_на_ТНК_31.10.2007 133.94 Kb