Верувале или не

bornotpress.jpg

17.12.2010 Транспарентност нулта корупција одржа прес конференција на која ги презентира аномалиите во борбата против корупцијата под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Настаните кои беа презентирани се засновани на резултати од работата на ТНК по претставките добиени од граѓаните за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството.

 ТНК смета дека борбата против корупцијата која се води од страна на надлежните државни органи во Македонија сé повеќе добиваат облик на фарса зад која се задскриваат корупцијата и учесниците во коруптивните активности.

Иако, македонското законодавство е во значителен степен усогласено со меѓународните конвенции во сферата на казнено-правната заштита и превенција на корупцијата,. како што се Казнената и Цивилната конвенција против корупцијата на Советот на Европа, 20 Водечки принципи за борба против корупцијата, Конвенцијата на ООН за борба против корупцијата (UNCAC) и други. И покрај тоа оценките на ЕУ во извештаите за прогресот на Република Македонија во процесот на Евро интеграциjaта, како и оценките на други релевантни меѓународни организации, покажуваат дека во Република Македонија перманентно е изразен висок степен на загрозеност со сите видови на корупција, од висока или „системска„, до мала или „улична„, а институциите на системот, пред сè органите на откривање и судството, немаат доволен капацитет да се справат со овој проблем.

 

pdf proekt_veruvale_ili_ne 193.07 Kb

 

pdf veruvale_ili_ne_-_17122010_paunovski 91.53 Kb

 

 

 

Со оглед на тоа дека вакви активности во текот на изминативе години имаше многу, во текот на наредната година Транспарентност нулта корупција еднаш месечно ќе објавува случаи преку кои ќе се анализира практиката на надлежните државни органи во не/постапувањето по случаите поврзани со корупција. Со оглед на бројноста на настаните, проектот ќе продолжи до крајот на 2011 година со објавување на по еден скандал месечно.

 Затоа ТНК секој месец на прес конференција ќе објавува по еден од случаите кој претставува своевиден антикорупциски скандал.

Воедно изготвено  е и посебно лого со 3Д очила.

Тоа ќе има симболика за поинаков продлабочен поглед на работите кој треба да го применуваат институциите, експертите, медиумите, со цел да се препознаат и да се извадат на површина неправилностите во работата на институциите и борбата против корупцијата.

Овој пат за Верувале или не: Антикорупциски скандал ТНК го презентира случајот со поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски.