Извештај за работа на Центарот за правни совети на Transparency International - Macedonia
 press13052011.jpg13.05.2011 Центарот за правни совети (ЦПС) кој работи во рамките на невладината Transparency International – Macedonia (TI-M) постои од 2003 година. Примарна главна цел цел на ЦПС е помагање на граѓаните во случаи поврзани со корупцијата. Од постоењето до денес во ЦПС помош имаат побарано 2560 граѓани. ЦПС е основна алатка за борба против корупцијата на Transparency International (TI) и Центри за Правни совети  постојат во националните разграноци на ТI во 41 држава.

 pdf godisen_izvestaj_na_cpsalak 246.58 Kb
 
pdf predmet_br._486-10_-_napusti_go_svojot_stan 204.35 Kb
 
 
 
 
Практичниоти неформален но професионален и непристрасен приод на TI-М (ЦПС) се обележја според кои центарот е препознаен од граѓаните, и поради кои секојдневно добива доверба од нив.  Преку него граѓаните стекнуваат повисок степен на увид за нивните права и обврски како и за нивната позиција во правната држава. Граѓаните имаат можност да ги повикаат на отчетност органите на државната администрација. Граѓаните преку TI-M (ЦПС) добиваат стручна правна поддршка во форма на информации, извештаи,мислења и совети.