Периодична публикација на Transparency International-Macedonia "АУДЕО"

  audeo.jpg 26.08.2011 Почитувани,  Ни причинува големо задоволство да Ви го проследиме првиот број на периодичната публикација “АУДЕО“.
Публикацијата ќе би­де во електронски формат, па така лесно дос­тап­­но за сите. Audeo е латински збор кој значи да се осмелиш храб­­ро.  Со тоа Transparency International-Macedonia им возвраќа на граѓаните кои при­­ја­ву­ва­ат корупција и со неа по­вр­за­ни ак­тив­но­сти. 

Ис­то­вре­мено ги повикува сите да се приклучат и да ги под­држат напорите за от­стра­ну­вање на ова зло. Сакаме да бидеме отворени и затоа ги оче­ку­ва­ме Вашите мислења, коментари и текст­ови со ана­ли­зи кои Вие самите сте ги на­пра­ви­ле, а кои се однесуваат за пос­тап­ки поврзани со настани за кои сме­тате дека сериозно го загрозуваат вла­­деењето на правото.

 

pdf audeo_1_avgust_2011 764.86 Kb

 

 

Об­ја­ву­вањето на анализи за пос­та­пу­ва­њата институциите и примената на по­од­­дел­ни прав­ни норми и принципи има за цел да пос­тави основа за из­др­жа­на правна и друг вид струч­на дебата. Крај­на­та цел е подобрување на прав­­­ната практика преку пра­вилна примена на пра­во­­то и поттикнување на пра­­вилно и стручно пос­та­пу­ва­­ње од страна на над­леж­ните институции.

Во овој број, покрај другите содржини, ќе можете поподробно да прочитате за Иницијативата на ТИ-М и Решението на Уставниот суд на Република Македонија со кое ја прифати истата поради утврдување на со­гласност со Уставот и законите на Упатство донесено врз основа на Законот за финансирање на политичките партии. Случајот Пауновски, Случајот Упатство донесено врз основа на Законот за финансирање на политичките партии, Случајот со практична примена на член 203-а од ЗКП и поднесената Иницијатива до Уставниот Суд на Република Македонија во врска со неговата согласност со Уставот на Република Македонија.