Разврската на аферата со МАЃАР ТЕЛЕКОМ предизвик на македонската кривично правна практика
31.01.2012 Transparency International  – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
pdf prezentacija_mt__31.01.2012 265.99 Kb
 
pdf zaklucoci_mt 327.80 Kb
 
pdf prilozi_mt 293.73 Kb
 
pdf chaptex_holdings_ltd 348.27 Kb
 
pdf registration_-_chaptex_holdings_ltd 561.49 Kb
 
pdf directors_-_chaptex_holdings_ltd 577.17 Kb
 

pdf criminal_usa_v_dt_agreement 1.75 Mb

 

pdf sec_litigation_executives_-_usa 888.50 Kb

 

 

Интересот на ТИ-М произлезе од причини што дел од овие договори се тесно поврзани со филијали на Маѓар Телеком во Македонија како Македонски Телеком АД – Скопје и Камени Мост Комуникации АД – Скопје, а Вајт и Чејс истакнуваат основан сомнеж  со наводи за корумпирање на функционери и челници на политички партии во Македонија од страна на раководни лица во Македонски Телекомуникации АД, се заради стекнување со погодности на пазарот на телекомуникациски услуги во 2005 година и 2006 година.

Во предвид беа земени Годишниот Извештај на Групата на Македонски Телеком за 2009 година и други годишни извештаи на оваа компанија, судски и други јавно објавени документи на американската Комисија за хартии од вредност и Министерството за Правда на САД датирани од 29.12.2011 година, како и известувања за активности на домашните органи надлежни за кривичен прогон.