Периодична публикација на Transparency International-Macedonia "АУДЕО бр.3"
audeo.jpg
21.02.2012 Пред Вас се наоѓа третото издание на електронската публикација „АУДЕО“. Содржината на овој број е посветена на односот на Република Македонија кон интересите на монополите, а евидентно и спротивно на уставните определби, преку грбот на граѓаните и спротивно на нивните интереси.
Неодамна започна разврската на аферата „Телеком“ со која според она на што се согласил Маѓар Телеком во САД, од 2005 до 2007 година бил продолжен монополот на Маѓар Телеком со согласност од функционери во Владата на Република Македонија. Анализата и 
заклучоците до кои дојде ТИ–Македонија за постапките на релевантните органи во САД и Република Македонија се пред Вас. Наодите од анализа на обемот и начинот на покриеност на оваа тема во медиумите од аспект на истражувачкото новинарство се исто така составен дел на ова издание.
Дополнително, дека монополите посегаат по најосновните потреби на граѓаните, здравјето и комуникацијата, зборува и позицијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) која допрва ќе се димензионира со промените во здравствената легислатива.

  pdf audeo_3_februari_2012 822.58 Kb
 
  
 

Ние се осмелуваме да говориме на теми кои се од значење за граѓаните, не секогаш исклучиво поврзани со корупција или со на неа сродни активности.
Затоа преку АУДЕО ве охрабруваме да ни се приклучете и со ваши сознанија и анализи да придонесете во подобрување на системот на владеење на правото.
АУДЕО и понатаму е отворен за соработка.