ТИ-Македонија го одбележа светскиот ден за борба против корупцијата
По повод 09 Декември светскиот ден за Борбата Против Корупцијата, на 08.12.2012 година Transparency International – Macedonia организираше кампања под мотото „Приклучи се и ти во борбата против корупцијата -Повлечи Црвена Линија “. Кампањата се одвиваше во три градови Скопје, Штип и Тетово каде ТИ-Македонија има свои канцеларии.

Во Скопје кампањата се одвиваше на локација каде има голема фреквениција на  граѓани. Беа опфатени  двете пешачки зони на приземјето на влезот на Градскиот Трговски Центар-ГТЦ. Граѓаните, преку поставениот штанд и банери, понатаму преку делење на флаери и разговор беа информирани за работата на ТИ-Македонија и нејзините активности. Имаше граѓани ,  кои особено беа заинтересирани за кампањата “Повлечи црвена линија” и како функционира www.prijavikorupcija.org.  На нив им беше демонстрирана целата процедура од пријавување на случај до разгледување на веќе поставени пријави според локација и категории.
   

Погледнете го видеото

 
 
 
kampanja_shtip.jpg
 
Во Штип на повеќе локации во градот беа поставени поголем број на постери и поделени флаери со информативна соджина за работата на ТИ  - Македонија како можат да пријават случај како да добијат правен совет и  помош за сите оние кои се соочиле со проблемот на корупција. Беа опфатени повеќе локации на плоштадот Слобода.
Истовремено граѓаните беа информирани за тоа дека пријави за корупција може да доставуваат во постојната канцеларија на ТИ–Македонија Центар за совети и правна помош во Штип. На заинтересираните граѓани им се посочуваше каде се наоѓа канцеларијата, што работи при што кај нив беше забележана видна заитересираност.

 
 
 
 
 
 
 
img_20121208_112209.jpg
 
Кампањата во Тетово се одвиваше во центарот на градот. На платото пред Домот на Културата беше поставен штанд со информативен материјал. На граѓаните присутни на улиците во централното градско подрачје исто така беше делен пригоден информативен материјал, флаери и календарчиња со мотото на кампањата.
.