ТИ: 2/3 од владите немаат адекватна заштита од корупцијата
 
tiuk.png
29.01.2013 Повеќе од две третини од земјите, вклучувајќи ги и најголемите трговци со оружје, немаат адекватна заштита против корупцијата во сферата на одбраната, покажува истражувањето на британската канцеларија на „Транспаренси итнернешнл“. 

Германија и Австралија се единствени земји од 82-те, вклучени во истражувањето, за кои е оценето дека имаат силни антикорупциски механизми, покажува индексот на организацијата, со кој се мери како владите се борат против корупцијата во секторот на одбраната. 

Според истражувањето, објавено на сајтот на организацијата, Франција, Италија, Аргентина, Бразил, Јапонија и Бугарија се меѓу земјите со умерен корупциски ризик. 

Педесет и седум земји или речиси 70 проценти имаат слаба антикорупциска контрола, покажува истражувањето, кое ги оценува владите, според степенот на парламентарна контрола на одбранбената политика и стандардите, кои се очекуваа од компаниите во тој сектор. 

Осумдесет и двете земји, кои се вклучени во истражувањето, покриваат 94 проценти од глобалните воени трошоци за 2011 година, кои изнесуваат околу 1,6 билиони долари, а корупцијата во одбраната глобално се проценува на најмалку 20 милијади долари годишно. 

- Корупцијата е опасна, бидејќи војниците може да располагаат со техника, која не работи, а тоа е расипништво, изјави директорот на британската канцеларија на ТИ, Марк Пајман. 

Земјите со слаба антикорупциска контрола претставуваат две третини од најголемите увозници на оружје и поливина од најголемите извозници, се наведува во исражувањето. 

Водечките извозници Кина, Русија и Израел се сметаат за земји со висок степен на ризик од корупција во нивните одбранбени сектори. Истото се однесува и на водечките увезувачи на оружје, како Индија, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур, Турција и Тајланд. 

Во девет земји, меѓу кои се Либија, Сирија, Јемен, Египет и ДР Конго, нивото на ризикот е „критично висок“, а со „многу висок“ ризик се оценуваат државите како Авфанистан, Саудиска Арабија и Катар. 

Според Пајмен шокантно е тоа што во половина од земјите, вклуќени во истражувањето, буџетот за одбраната или не е јавен или не содржи пресек за трошоците. Само 12 отсто од земјите во истражувањето имаат „високоефективна“ парламентарна контрола на одбранбената политика.
 
Извор Алфа ТВ