Истражување - Антикорупциска не си ја врши работата
 
idscs_konf_1.jpg
29.01.2013 Власта ја запоставува борбата против корупцијата и нема политичка воља за силни антикорупциски институции кои ќе ги контролираат народните пари - е заклучокот од истражувањето на Институтот за демократија. Актуелната комисија во 2011 не сработила ништо, а лани се занимавала со гонење на корупција од средно ниво- утврдила анализата на институтот.

 

„И недостига независност, не е непристрасна и не си ја врши својата работа. Нејзината поставеност ја прави зависна од власта“-, вели истражувачот на проектот Илина Мангова . 

Последниот состав на комисијата е професионален, го изгласа парламентарното мнозинство, а член зема околу 1000 евра месечна плата од буџетот. Неотчетноста на антикорупциска пред јавноста за власта е комплексно прашање, за опозицијата задача од партискиот центар на ВМРО ДПМНЕ. 

„Ова е комплексно прашање и не сум компетентен да одговорам.Совеста ми е чиста, својот глас го давам за луѓето во кои имам доверба“, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Јордан Пачков 
„Во Македонија врие од корупција, а комисијата спие и воопшто нема намера бидејќи има една задача да биде продолжена рака на власта“, вели пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова 

Поранешните антикорупционери реагираат дека актуелните немаат ниту личен ниту професионален итегритет. 

„Некој треба сериозно да им укаже на тие луѓе дека не си ја работат работата и оти неизвршување на службата е кривично дело.Треба да се свестат дека државата е на работ“, коментира Слаѓана Тасева. 

 

 

 Извор Алфа ТВ