Прикриена корупција кога општините продаваат државно градежно земјиште?
01.02.2013 Изминаа 18 месеци откако стапи во сила новиот закон за градежно земјиште, но, од 84 општини во Македонија засега само 42 добиле право за управување и продажба на државното градежно земјиште.
Најголем проблем за општините се четири критериуми за префрлање на државното градежно земјиште во нивна надлежност: да имаат усвоена едногодишна програма за работа заради располагање со земјиштето и потребен број вработени лица со соодветно овластување, да основале комисија за спроведување постапки за јавно наддавање, како и тоа да воспоставиле електронски систем за јавно наддавање на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија.
30.01.2012 Следејќи го опасниот пример на Унгарија и Италија, Македонскиот парламент се подготвува да воведе „легална цензура“ во земјата. Ова дел од описот за состојбата во Македонија во извештајот на „Репортери без граници“ во кој земјава бележи пад од 22 места на скалата со која се проценува слободата на печатот. Како причини за ваквиот пад во извештајот се наведени одземањето на лиценци за работа на неколку медиуми и влошувањето на условите за работа за новинарите. Македонија е на 116-то место, пред нас на 115 место е Нигерија, а по нас Венецуела.
Хрватска и Србија бележат подем, првата за 4 места со што се позиционира на 64-тото место, додека втората за 17 места при што сега е на 63-то место. Пад од 6 места бележат Албанија која што стигна на 102 и Црна Гора која е на 113-тото место.
Истражување - Антикорупциска не си ја врши работата
29.01.2013 Власта ја запоставува борбата против корупцијата и нема политичка воља за силни антикорупциски институции кои ќе ги контролираат народните пари - е заклучокот од истражувањето на Институтот за демократија. Актуелната комисија во 2011 не сработила ништо, а лани се занимавала со гонење на корупција од средно ниво- утврдила анализата на институтот.
Реакции по објавата дека ДУИ се финансира на незаконски начин
29.01.2013 Не стивнуваат рекациите во објавата во медиумите дека партијата ДУИ се финасирала од пари на министерства ,јавни претспријатија и општини.
Денеска Министертвото за земјоделство посочи дека не исплаќало пари,туку дека нивни вработени кои биле членови на ДУИ, лично доставиле трајни налози за одбивање на донации од нивните плати што било исто и како плаќање рата од кредит
Претседателката на „Трансапренси Интернешнл-Македонија”, Слаѓана Тасева смета дека и по ваквите тврдења на земјоделие сепак останува можноста дека раководителите членови на ДУИ би можеле на вработени членови на ДУИ да им исплаќаат финасиски награди, а овие пак парите преку банкарски транскации да ги исплаќаат во партиската каса,што би значело илегално финасирање од државниот буџет.