Конкурс за фотографија |
![]() |
![]() |
![]()
23.11.2020 Во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, Транспаренси Интернешнл- Македонија, објавува конкурс за најдобра фотографија. Повикот е отворен за сите заинтересирани лица. Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно- европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
Теми на фотографијата:
-Што за вас претствуваат европски вредности?
-Како и врз што најмногу ќе влијае влегувањето во ЕУ?
-Промените што сакате да ги видите во земјата споредено со останатите земји членки.
-Најдобар начин за искористување на ЕУ фондовите.
Критериуми за учество на конкурсот:
-поднесените фотографии мора да бидат со висока резолуција, предложена 1920×1080
-фотографиите мора да бидат направени на македонска територија
-фотографиите мора да бидат направени исклучиво за овој натпревар. Фотографиите што биле дел од претходниот натпревар не се прифаќаат
-со секоја фотографија треба да се испрати краток тест/ опис со основни информации за сликата и нејзиното значење
-секој учесник има право на учество само со една фотографија
Награден фонд:
-прва награда: бруто износ од 500 евра
-втора награда: бруто износ од 300 евра
-трета награда: бруто износ од 200 евра
Рок за аплицирање:
Секој заинтересиран за за овој конкурс, може да испрати фотографија заклучно со 15 февруари 2021 година.
Фотографиите да се испраќаат на мејл:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, поради големината на фотографиите се препорачува да се користи https://wetransfer.com/
За сите дополнителни информации може да испратите мејл на:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
* Овој конкурс за фотографија се организира во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, поддржан од Европската Унија преку програмата ,,Европа за граѓаните“.
![]() |
< Претходно | Следно > |
---|