logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Претседателот на РСМ да не го потпишува Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол

whistleblowers-mk.jpg

 

Претседателот на РСМ да не го потпишува Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол Испечати Е-пошта
Претседателот на Република Северна Македонија да не го потпишува Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и МАКПЕТРОЛ АД Скопје по пат на спогодба


30.12.2020 Собранието на Република Северна Македонија  усвои Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија (РСМ) и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба. Со тоа законодавната власт се впушти во озаконување на вонсудската спогодба склучена помеѓу Владата на РСМ и Макпетрол АД Скопје со која се решава долгогодишниот судски спор за утврдување на правото на сопственост и соодносот на вложувања на договорните страни во операторот за природен гас ГА-МА АД, како и раздвојување на сопственичката структура преку пренос на сопственоста во целост на РСМ преку купување на сопственичката акција на Макпетрол АД Скопје. 

На овој начин се повредува начелото на уставност и законитост и начелото на поделба на власта во РСМ со тоа што се  мешаат улогите на судската и законодавната власт со тоа што материја која припаѓа на облигационо правните односи и која треба да се реши со постигнување на спогодба во судска постапка или вонсудска спогодба или пак во случај на спор да се реши  со судска пресуда, сега се дава на одлучување на Собранието како законодавен орган. При тоа на Собранието му се даваат надлежности кои не се во согласност со Уставот на РСМ. Имено,  Собранието на РСМ е надлежно да ратификува меѓународни договори, а не договори со склучени помеѓу национални субјекти.
 
 

ГАМА АД Скопје, првично е основана како Јавно претпријатие ГАМА  Скопје  (ЈП ГА-МА). Согласно член 1 од Законот за јавните претпријатија,  основачките права во името на Република Северна Македонија (РСМ) ги врши Владата на РСМ.

ЈП ГА-МА, согласно Одлуката за организирање на ЈП ГА-МА во акционерско друштво ГАМА АД Скопје (Сл. весник на РМ бр. 77/2006) донесена од Владата на РМ, организирано е како акционерско друштво. Против оваа одлука поднесена е иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 од  Одлуката за организирање на ЈП ГА-МА во акционерско друштво ГАМА АД Скопје со кој се уредува основната главнина на ГАМА АД Скопје. Иницијативата со Решение на Уставниот суд на РМ У.бр.170/2012 од 29.05 2013 година е отфрлена.

Имајќи предвид дека ГАМА е организирана како акционерско друштво, каде како акционери се јавуваат Владата на РСМ во името на Република Северна Македонија и МАКПЕТРОЛ АД Скопје, за секој пренос, односно откуп  на акциите сопственост на МАКПЕТРОЛ АД Скопје треба да одлучува Владата на РСМ како соосновач на ГА-МА АД. 

Продажбата, односно преносот на акциите треба да се изврши согласно Законот за трговските друштва, а особено согласно Законот за хартиите од вредност и другите законски и подзаконски акти од областа на издавањето и тргувањето со хартии од вредност.  Во секој случај, за преносот и откупот на акциите треба да одлучува Владата на РСМ, како соосновач и акционер во  ГА-МА АД, а не РСМ како империум, ова прашање да го уредува, односно „ратификува“ со закон. 

Од аспект на Закон за енергетика проблем се јавува со тоа што МАКПЕТРОЛ АД Скопје поседува и фирма за снабдување со природен гас, што е во спротивност со одредбите од Законот за енергетика кои се однесуваат на сопственичкото раздвојување. Во тој случај МАКПЕТРОЛ АД Скопје може да изврши раздвојување преку продажба на акциите (акцијата). 

Од аспект на транспарентност и отчетност се навлегува во заробување на државата преку носење на Tailor made law (Закони по мерка) за кој Транспаренси Интернешнл Македонија веќе даде свое видување за состојбите во РСМ во извештајот за оценка на заробување на државите  https://www.transparency.org/en/publications/examining-state-capture . Во овој случај Владата наместо да го реши спорот преку судски и вонсудски инстанци го користи Собранието ова прашање да го уредува, односно „ратификува“ со пригодно скроен закон по мерка.

Овде сакаме да укажеме и дека проблематично е што проценка вршело Бирото за судски вештачења кое е државен орган со што се пропуштила можноста за независно вештачење кое треба да биде независно за правилно да се оцени фер пазарната вредност за ГАМА АД бидејќи, амортизациониот век е скоро истечен, а со цел да се заштитат интересите на РСМ и на даночните обврзници на РСМ. Отсуството на независна проценка на моменталната пазарна вредност на ГАМА АД само дополнително го зголемува сомнежот за утврдената цена во член 5 од Законот по која треба да се откупи акцијата на Макпетрол во АД ГАМА. 

Исто така сакаме да укажеме дека за овој Закон не беше објавен на  ЕНЕР и не е испочитуван  постапката за оценка на влијанието на овој закон. Се одбегнува, стеснува и рудиментира постапката за проценка на влијанието  на регулатива и можноста за коментирање на предлог – законот од засегнати страни, со наводи во  образложението на Законот дека немало финансиски импликации со овој Закон бидејќи биле испланирани пари во Буџетот за 2020!? Овде се поставува прашањето од кои тоа средства се испланирани пари во Буџетот за 2020 па нема финансиски импликации ако не од даночните обврзници на РСМ? На овој начин се демонстрира ниска свест за отчетност за прибраните средства од даночните обврзници и граѓаните на РСМ како и ниска свест за оценка на ефектите од овој Закон во иднина за даночните обврзници на РСМ.  
 
Укажуваме и на моментот дека со предложениот закон Макпетрол АД Скопје ќе оствари капитална добивка како разлика помеѓу номиналната вредност на акцијата и нејзината продажна вредност, која, во тој случај, треба да влезе во даночната основа на АД Макпетрол и да биде предмет на оданочување согласно со Законот за данокот на добивка. 

Исто така нема никакви информации за опортунитетниот трошок за планираните средства во Буџетот 2020 доколку тие се алоцираат за оваа купопродажба наместо за поприоритетни цели. Ова особено станува важно во услови на стеснет фискален простор, висок јавен долг, епидемиолошка криза, со што оваа инвестиција во услови на ризик ја прави економски неисплатлива за граѓаните на РСМ во овој момент. 
 
 
 Слаѓана Тасева - Претседател  на Транспаренси Интернешнл-Македонија
 
 Марјан Николов - Претседател  на Центар за економски анализи
 
Славко Лазовски - Претседател на Собрание на Центар за даночна политика




 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани